6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ВИДЕО: Страшна несреќа во Белград – 2 лица загинаа, а 8 се повредени, пожарникарите ги сечат возилата да ги извлечат заробените

    Две лица загинаа, а 8 се повредени во сообраќајна несреќа која се случила утринава во 6 часот на аголот на улицата Немања и Кнез Милош во Белград, соопшти српското МВР.

    Во сообраќајната несреќа учествувале комбе возило и патнички автомобил од марката БМВ.

    Како што постои сомнение, до сообраќајната несреќа дошло кога возачот на автомобилот БМВ поминал на црвено светло на семафор и се судрил со комбе, наведува МВР.

    За да ги извадат жртвите од возилата пред Владата на Србија пожарникарите морале да ги сечат автомобилите кои учествувале во несреќата. Од силината на ударот не постоела можност на друг начин да се извади едно од повредените лица.

    Во Ургентниот центар примени се 8 повредени лица.

    Автомобилот од марката БМВ после судирот се удрил и во зградата на Владата на Србија, додека комбето се нашло на тротоарот пред Владата.

    Извор: Press24.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.