6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (ВИДЕО) ИСУС МЕ СПАСИ: Момчето што почина на 20 минути го раскажа нераскажаното

    Зак Клементс е седумнаесетгодишно момче од Тексас кој од мал го сака спортот и бил во одлична форма.

    Еден ден тој наеднаш се онесвестил додека трчал на час по физичко, а лекарите велат дека неговото срце престанало да чукало, односно дека бил мртов цели 20 минути.

    Лекарите од брза помош успеале да го соживеат Зак по 20 минути. По неколку дена се разбудил од кома, но тие се уште немаале никакво научно објаснување како неговото срце повторно почнало да чука и како мозокот не бил оштетен за тоа време. Но момчето тврди дека знае што преживеал – и вели дека го спасил Исус Христос.

    Додека не бев жив, видов човек со долга коса и густа брада. Ми ја стави раката на рамото и ми рече дека треба да грижам за себе и своите блиски и дека се ќе биде во ред. Не ми требаше многу за да разберам дека е во прашање Исус Христос “, раскажал Зак за ЦБС ДФВ, а пренесува Дејли мејл.

    Семејството на Зак во целост верува во оваа приказна:„ Кога се разбуди ни раскажа какво искуство доживеал, но луѓето не се во состојба да сфатат такво нешто“, вели таткото на Зак.

    Неговата мајка Тереза воопшто нема сомнежи дека лично Исус го спасил нејзиното чедо: „Благодарна сум на Исус што ми допушти да го добијам своето дете назад“, истакнала мајката на момчето.

     

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.