6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (ВИДЕО)НБА: Нов пораз на шампионот

    Актуелниот НБА шампион Кливленд се наоѓа во криза откако изминатата ноќ го забележа третиот последовен пораз. Чикаго го порази Кливленд 111:105.

    https://www.youtube.com/watch?v=R_Fkc2JpymA

    Големата тројка на Кливленд одигра на посакуваното ниво во Чикаго, но не доби поддршка од останатите играчи. Чикаго лесно се справи со шампионот иако резултатот не го покажува тоа. Во еден период од мечот Булси имаа предност и од 18 поени.

    Реѓон Рондо оствари трипл дабл (15 поени, 11 скокови, 12 асистенции) и беше витински лидер на Чикаго иако тројца други играчи постигнаа преку 20 кошеви: Џими Батлер 26, Двејн Вејд 24 и Таж Гибсон 23 поени на кои придодаде 11 скокови.

    Кај Кливленд Леброн Џејмс забележа 27 поени и 13 асистенции, Кајри Ирвинг 20 поени, а Кевин Лав 15 поени.

    Кливленд со скор 13-5 остана лидер во Источната конференција, додека Чикаго е на третото место и има два порази повеќе од шампионот.

    Резултати: Филаделфија-Орландо 88:105, Бостон- Сакраменто 97:92, Торонто- ЛА Лејкерс 113:80, Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 96:114, Сан Антонио-Вашингтон 107:105, Денвер-Хјустон 110:128, Атланта-Детроит 85:121, Њујорк-Минесота 118:114.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.