На натпреварот помеѓу Торонто и Мајами дојде до физичка пресметка помеѓу центрите на двата тима Серж Ибака и Џејмс Џонсон.

На осум минути до крајот на третата четвртина двајцата кошаркари си разменија по неколку удари поради што веднаш беа исклучени.

Инаку ова не беше единствен инцидент на дуелот поемѓу Репторс и Хит. По завршувањето на дуелот вербално се судрија Демар Дерозан и Горан Драгиќ, а соиграчите спречија и нивната расправија да прерасне во тепачка.

Натпреварот во Торонто заврши со минимална победа на Мајами 89:90. Мајами победи со поените на Вејн Елинтон.

Горан Драгиќ со 24 поеини, 12 скока и 4 асистенции беше најефикасен кај Мајами, додека Велингтон постигна 15 поени. Торонто го предводеше Дерозан со 25 поени.