6 C
Skopje
сабота, април 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Божјо чудо: Бебе родено предвремено и без кожа, ги победи малите шанси за преживување

    Малиот Кејден Шеток, од Англија, се роди со само 2% кожа, доволно да го прекрие само неговото лице, при што лекарите немаа воопшто надеж дека неговиот живот ќе продолжи.

    Кејден, кој сега наполни 6 месеци, се роди со состојба која ниту лекарите не можеа да ја дијагностицираат, а состојба при која имаше само 2% кожа од цело тело.

    Младите родители, кои и двајцата имаат по 20 години, Џесика Киблер и Џејк Шеток велат дека кога Кејден се родил, чувствувал толку многу болки, при што ни медицинските сестри не можеле да го сокријат своето плачење.

    Во текот на бременоста, наводно се било во ред, но потоа, поради компликации, Џесика морала да го роди своето бебе 30 недели порано од предивденото и тогаш настанал хаосот, за кој претходно немало никакви индикации додека мајката била бремена.

    „Кога медицинските сестри првпат го донесоа, за да го запознаеме, Кејден изгледаше како парче живо, неприготвено месо. А тука бевме ние, и двајцата по 19 години, родители по првпат, а нашето бебе беше сериозно болно. Никој не велеше ниту збор. Сите бевме под огромен стрес. Ние плачевме, а плачеше и медицинскиот персонал.“- велат Џесика и Џејк.

    Бебето било толку сензитивно, што родителите не смееле да го држат во првите 10 дена, а дури и кога медицинскиот персонал се грижел за него, најпрво го завиткувале во парче ткаенина и душек, за да можат што понежно да го земат, без притоа да му наштетат.

    А бидејќи се родило со само 2% кожа, која бил доволна само за лицето, Кејден не можел да носи ниту облека.

    По само 6 недели и по некое неверојатно чудо, кожата сама започнала да расте, но и покрај тоа, Кејден се соочува со многу здравствени проблеми: Некротичен ентерколит при кој дел од гастроинтестиналниот тракт умира, потоа вроден херпес, дермолиза, бронхиолитис и сето тоа, како резултат на недостатокот од кожа.

    „По 11 недели, си дојдовме дома. Кејден е среќен, а среќни сме и ние. Обожава да разгледува наоколу и одлично ги забележува нештата“- вели Џесика.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.