Убодот од стршлен не е опасен по живот, но во повеќето случаи предизвикува алергиски реакции и отоци кои траат по неколку дена.

Меѓутоа, во некои случаи може да дојде до алергиски реакции на отровот кој стршленот го содржи познати како анафилактички шок, па работите да се искомплицираат.

До оваа состојба најчесто доаѓа ако:

– Лицето е алергично на каснатини од инсекти

– Лицето е каснато на незгодно место, најчесто во пределот на лицето и вратот, по што можно е гушење

– Лицето е неодамна каснато од стршлен или оса, на имуниот систем е пречувствителен на отровот

Во ваков случај на шок, задолжително повикајте брза помош за да се спроведе антишок терапија. Таа терапија ја спроведуваат исклучиво професионалци.

Во случај лицето да не добие лекарска помош, а е во животна опасност, алергиската реакција може да се ублажи со адреналинска инекција.

Во случај да нема алергиски реакции, туку се работи за обичен оток, местото третирајте го со ладни облоги. Користете ладни предмети како на пример метална лажица.

Последниот и најкорисен совет доаѓа од еден пчелар кој тврди дека секој убод од стршлен, оса или пчела можете да го ублажите со аспирин или андол. Потребно е да намокрите една таблета и да ја залепите на убодот. Држете најмалку 1 минута пред да ја отстраните.

Оваа постапка се прави веднаш по убодот и помага да се намали отокот, болката или чешањето.