Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил хоспитализиран поради полесни повреди што ги добил додека возел мотоцикл со кој се судрил со автомобил во Италија. Несреќата се случила на Сардинија, каде што американскиот актер снима филм.
Надлежните потврдиле дека Клуни учествувал во помала сообраќајна несреќа, но дека нема сериозни повреди. Според информациите, Клуни веќе бил пуштен од болница.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, инцидентот се случил утрото околу 8 часот по локално време кога Клуни излегол од својот хотел во Коста Коралина, во северниот дел на островот. Италијанската новинска агенција АНСА пренесува дека Клуни имал само мала повреда на коленото.