Во изминатите неколку дена се прошири вест дека една од најпознатите двојки, Џорџ Клуни (57) и Амал Аламудин (40), се разведуваат по четиригодишен брак, пишува „Мирор“. Разводот ќе „тежи“ 400 милиони фунти.
По жолчната расправа, Амал ги земала работите и заминала со близнаците, Александра и Ел, во нивната куќа во Сардинија. Џорџ постојано испраќа пораки и видеоповици затоа што сака да ги види децата, изјавува изворот, додавајќи дека Амал јасно му кажала дека ако дојде на Сардинија, единствено место каде што може да спие е куќата за гости.
Фановите тврдат дека тоа е лажен трач имајќи предвид дека познатиот актер, заедно со родителите Ник и Нино, ја поддржа Амал на 23. доделување на наградите на Здружението на дописниците на Обединетите нации во Њујорк на 6 декември минатата година. Двојката изгледаше среќна и заљубена, а адвокатката за човекови права на социјалните мрежи често објавуваше фотографии со Џорџ.