Раперите Џеј-Зи, Мик Мил, како и спортски и бизнис-лидери понудија 50 милиони долари за да го реформираат американскиот кривично-правен систем. Реформската алијанса, инспирирана од неодамнешниот престој во затвор на Мик Мили, поради прекршување на условната казна, се надева дека за пет години ќе ослободи еден милион затвореници.
Коосновачи на иницијативата се сопствениците на „Патриоти на Нова Англија“ и „Филаделфија 76“, Роберт Крафт и Мајкл Рубин.
Мисијата на групата е драматично да го намали бројот на луѓе кои неправедно се под контрола на кривично-правниот систем, почнувајќи со условна казна и условно ослободување. Мек Мил ги искуси сите три: условна казна, помилување и затвор.
Алијансата за реформи вели дека неговиот случај е пример за катастрофални и долготрајни последици, кои произлегуваат по само еден контакт со системот на кривичната правда.
Раперот беше уапсен во 2007 година, на возраст од 19 години, според него погрешно, за дрога и поседување пиштол.