6 C
Skopje
петок, јуни 2, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Авиокомпанија од утре ќе ги мери патниците пред да се качат на летови

    Од патниците ќе биде побарано да се качат на вагата - иако авиокомпанијата нагласува дека тоа е доброволно. Повеќе од 10.000 патници кои летаат со...

    Дај си на душата што сака, оти ќе дојде време кога ништо нема да сака, вели 105-годишната баба Калина

    Баба Калина е уникатна појава во животот на општина Свиштов, бидејќи на земјата е веќе 105 години, пишува „Борба“. Стогодишната е родена во 1910...

    Не знаев дека кромидот лекува толку многу болести: Подобро од апчиња

    Кромидот лечи многу болести подобро од таблетите Зошто секој пат одиме во аптека, иако можеме да одиме во кујна? Верувале или не, со векови луѓето...

    Едноставно, но многу ефикасно: Кажете им збогум на темните кругови околу очите и подмладете се за најмалку 10 години

    Работа, грижа за домаќинството, стрес, секојдневни проблеми - ова е само дел од нашиот бурен работен ден. Овој брутален ритам често доведува до недостаток на...

    Џеремаја Мејси: Момци верувајте во себе

    Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Џеремаја Мејси, најзвучното засилување на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, со отворено писмо испрати поддршака до репрезентативците кои низ квалификациите се борат за место на Евробаскетот кој ќе се одржи наредната година.

    dzeremaja_mejsi

    Американецот Џеремаја Мејси, од 2007 година е носител на македонски пасош, кој, пак, му овозможи да биде дел од репрезентацијата која прво успешно ги мина квалификациите, а потоа и настапи на ЕП во 2009 година во Полска.

    Тоа беше прво учество на жолто-црвените на еден континентален собир по пауза од една деценија, поради што настапот на Мејси посебно место во историјата на националниот тим. Времето поминато во дресот на Македонија на крилниот центар му донесе многу пријатни сеќавања и пријателства и од него направи голем навивач на репрезентацијата, без разлика што тој одамна не е во неа.

    Фактот што во моментов е во Скопје и во можност од блиску да ги следи случувањата околу настапот на жолто-црвените во квалификациите за ЕП 2017 го инспирира Мејси да испрати јавна порака со поддршка до сегашните репрезентативци.

    „Без разлика што минаа веќе седум години од мојот последен настап за репрезентацијата на Македонија, се трудам што е можно поредовно да ги следам настапите на националниот тим и да навивам за моите некогашни соиграчи. Без разлика каде и да сум бил, во Либан, Катар или Аргентина, секогаш се интересирав за тоа како игра и какви резултати остварува македонскиот состав. Потписот за МЗТ Скопје ме врати во државата која ја сметам за втора татковина, а со тоа ми донесе непроценлива можност од блиску да гледам како се одвиваат работите во македонскиот состав.

    Тешко ми падна неодамнешниот пораз на гостувањето во Велика Британија бидејќи со таа победа вратите од ЕП 2017 ќе ни беа широко отворени. Но, во моментов ништо не е загубено и момците што сега настапуваат за Македонија не смеат да се предадат. Кошарката е таков спорт, не секогаш работите излегуваат како што посакувате. Јас секогаш се трудам да извадам поука од секој неуспех и потоа напорно да работам на грешките кои сум ги направил. Тоа им го препорачувам на сегашните репрезентативци, пред вечерашниот дуел со Унгарија, кој е од исклучително значење.

    Како поранешен репрезентативец, човек кој настапувал во дрес со македонскиот грб на него, сакам да им порачам да имаат верба во себе и во своите квалитети и никогаш да не се предаваат. Можеби се разочарани по поразот во Лондон, но патот кон успехот е секогаш тежок. Унгарија е силен, но не и непобедлив противник. Тие можат да победат, само треба да веруваат во себе.

    Поради клупските обврски и тренажниот процес во МЗТ Скопје не сум во можност да заминам во Кавадарци, но ќе навивам пред телевизор, потсетувајќи се на сопствените настапи за Македонија. Ги повикувам сите кошаркарски вљубеници да ги исполнат до крај трибините и да навиваат за репрезентативците од првиот до последниот момент, без разлика на моментниот резултат. Ако тоа биде така, убеден сум дека сите заедно ќе се радуваме, како вечерва така и на крајот од квалификациите.

    НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!“, се вели во пораката од Мејси до избраниците на селекторот Раца.

    Македонија во првите две средби забележа победа (Луксембург) и пораз Велика Британија), а вечерва во Кавадарци ќе игра против Унгарија.

    Latest Posts

    Авиокомпанија од утре ќе ги мери патниците пред да се качат на летови

    Од патниците ќе биде побарано да се качат на вагата - иако авиокомпанијата нагласува дека тоа е доброволно. Повеќе од 10.000 патници кои летаат со...

    Дај си на душата што сака, оти ќе дојде време кога ништо нема да сака, вели 105-годишната баба Калина

    Баба Калина е уникатна појава во животот на општина Свиштов, бидејќи на земјата е веќе 105 години, пишува „Борба“. Стогодишната е родена во 1910...

    Не знаев дека кромидот лекува толку многу болести: Подобро од апчиња

    Кромидот лечи многу болести подобро од таблетите Зошто секој пат одиме во аптека, иако можеме да одиме во кујна? Верувале или не, со векови луѓето...

    Едноставно, но многу ефикасно: Кажете им збогум на темните кругови околу очите и подмладете се за најмалку 10 години

    Работа, грижа за домаќинството, стрес, секојдневни проблеми - ова е само дел од нашиот бурен работен ден. Овој брутален ритам често доведува до недостаток на...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.