6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ѝ кажале дека има воспаление на крајници, а часови ја деле од смрт – поради лоша дијагноза животот ѝ висел на конец

21-годишната Ен Лаврагов тврди дека поради погрешна дијагноза за малку ќе завршиле трагично.

Имено, кога првпат отишла на лекар и покажала плик на својата уста и необјасливи модрнки по телото, ѝ било кажано дека не е ништо сериозно и дека со третман со солена вода ќе се повлече.

Бидејќи состојбата се влошувала, Ени повторно се обратила кај докторката. Овој пат со препишани антибиотици се вратила дома. Само седум дена подоцна, завршила во болница поради покачена температура. Тогаш ѝ била дијагностицирано воспаление на крајниците со препорака да се врати во болница ако продолжи да има зголемена температура.

Откако веќе следниот ден се случило влошување, нејзината мајка повикала Итна помош, стравувајќи од најлошото.

Тогаш докторите утврдиле дека Ен има сериозен проблем со крвниот систем и дека наредните две недели се критични. Откако попрецизните анализи покажале дека причина за влошување на нејзината здравствена состојба сепак е апластична анемија, Ен морала да прима хемотерапија за потоа да подлегне на трансплантација на коскената срж. Донатор била нејзината помлада сестра, 17-годишната Мили.

Ен е свесна дека нејзиниот живот нема да биде повеќе ист и дека секогаш кога ќе има температура повисока од 37,5 степени ќе мора да оди во болница, но не губи надеж дека еден ден сепак ќе може да живее нормално.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.