6 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ќе станат родители : 13 – годишната Дарија забременила од 10 – годишниот Иван (ВИДЕО)

Приказната за 10-годишниот Иван од рускиот град Зеленгорск кој наводно ја забременил 13-годишната Дарија го обиколи светот.

Лекарите велат дека тоа е невозможно, а бремената девојка се заколна дека немала друг партнер.

Двајцата, со дозвола од нивните родители, се појавија дури и на руската телевизија, каде Дарија рече дека се запознале пред една година и се заљубиле на прв поглед, и дека оттогаш се заедно. Тие тврдат дека се за вљубени и сакаат да го задржат бебето.

Лекарите, сепак, се сомневаат дека тоа е можно.

„Теоретски, и двете деца би можеле да бидат репродуктивно зрели“, озјави локалниот педијатар Николај Скоробогатов.

Урологот Евгениј Греков не се согласува и тврди дека малиот Иван не би можел да стане татко.

“Ги проверивме наодите три пати за да не може да има грешка. Тој нема половни клетки. Се уште е дете. Тој дури нема тестостерон и неговите сексуални органи сè уште се во фаза на развој. Сè уште не достигнал пубертет, така што има многу неодговорени прашања”, тврди урологот.

Дарија дури и не сака да слушне за абортус и тврди дека таа и Иван спиеле само еднаш кога тој бил сам дома.

„Откако го сторивме тоа, се засрамивме, па се скривме под кебињата“, рече таа.

Набргу почнала да чувствува мачнотија, а кога мајка и ја однела на лекар, се открило дека е бремена.

“Потоа, таа призна дека спиела со Иван. Бев во шок, останав без зборови. Кога разговаравме, таа рече дека не сака да го изгуби бебето и јас ја поддржав”, рече нејзината мајка Елена, која исто така учествуваше во шоуто .

Иван и неговата мајка Галина велат дека сакаат да и помогнат на Дарија да го одгледа бебето.

„Не знаев што да кажам кога слушнав дека мојот 10-годишен син ќе стане татко. Мислам дека не беше ни свесен за тоа што му се случи. Тој рече дека Дарија му понудила секс, не користеле заштита и очигледно е дека не ги знаеле последиците. “, рече таа.

Руските медиуми ги прашаа и соседите, кои велат дека се сомневаат дека момчето е татко.

„Мислам дека некој друг го направил бебето, а сега сакаат да го обвинат тоа дете“, тврди еден сосед. Малиот Иван вели дека не се сомнева дека бебето е негово.

“Дарија никогаш не била со друг, сигурен сум во тоа. Јас сум таткото на нејзиното бебе”, рече тој.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.