Лидерите или се на одмор, или се подготвуваат за сведочење во судот во Хаг, но во јавноста не стивнува интересот за тоа кој ќе ја формира новата Влада. Ќе продолжи ли да функционира старо-новата коалиција, или, пак, можни се промени и изненадувања на политичката преговарачка сцена, анализира Фактор.мк
Политичките аналитичари се со различни ставови.
Петар Арсовски за Фактор вели дека во овој период сме далеку од тоа да знаеме кој ќе ја формира новата Влада. Според него, тоа уште не е познато, а таква сигурност не даваат ни бројките на освоените пратенички мандати.
КАКВА ВЛАДА ПОСАКУВА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА
Но, како што вели овој аналитичар, многу добро се знае каква Влада посакува меѓународната заедница.
„Со сите свои изјави, но и со средбите што беа остварени, меѓународната заедница многу јасно покажа дека за нив не е прифатлива влада која што би го проблематизирала Преспанскиот договор, односно која би направила било какво скршнување од НАТО и од Европската унија“, вели Арсовски.
Според него, во овој период е многу јасно видливо однесувањето на ДУИ, која сака пред јавноста да се прикаже дека подеднакво држи еквидистанца и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Видлив е тој нивни обид да прикажат дека се на еквидистанца и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е од причина што само така нивниот услов за премиер Албанец би имал смисла“, објаснува Арсовски.
На прашањето дали е можно Влада да се формира меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски одговара кусо.
„Влада може да формира било кој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник. Но, тоа е основниот услов“, објаснува Арсовски.
Целиот текст на Фактор.мк