Она што навистина знае да оди на нерви се затнатите одводи. Потребно е повеќе време за да се реши овој проблем. Но, добро ќе ви дојде доколку го знаете овој трик.
Не е потребно да купувате разни производи, туку само лимонтус и сода бикарбона.
Во затнатиот одвод сипете половина чаша лимонтус и половина чаша сода бикарбона.
Потоа со тенок млаз сипете топла вода ( 1 чаша). Ќе се случи реакција помеѓу овие две состојки, што ќе направи појава на пена.
На овој начин ќе ги разложите ситните делчиња храна и маснотии кои довеле до затнување.