Иако официјално се уште не се споделени целосни информации за луѓето кои настрадаа во сообраќајната несреќа на патот Скопје – Тетово, на социјалните мрежи, веќе се изразува сочуство.
Како што пренесува локален портал, еден од загинатите е 19-годишниот Онур Садику, кој студирал на медицинскиот факултет во Скопје.
Претходно, медиумите пренесоа инфорамција дека загинал и Раметула Абдурахими.
Град Скопје денеска со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.
Зоран Давидоски (22.08.1981 година), беше вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 беше раководител на Секторот за сообраќај.
Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател.
Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар, воедно и син на пратеникот од редовите на СДСМ, Благојче Трпевски.