Пред да дојдеме во жолтата зграда, ние сменивме барем 7 до 8 седишта во Скопје.
Таму прво земавме една канцеларија и полека едно по едно ја купивме целата зграда. Дали УДБА ја формирала таа зграда? Една работа ќе ви кажам – јас навистина немам ништо против да во процесот на лустрацијата да излезат сите досиеја на луѓе кои велат дека се основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Многу пати сум повикувал и ден денеска повикувам. Не е лошо сите што се повикуваат на ВМРО; да им се објават досиејата. Политиката на Никола Груевски е на дистанца од Љубчо Георгиевски основач ја насанка партиајта во едни лоши води, каде што основачи треба да бидат Драган Богдановски, Мане Јаковлевски, Змејковски, па дури и Јордан Мијалков.
Со една таква кампања мене ме тераат да зборувам за работи за кои во принцип не сакам да зборувам. Драган Богдановски е македонска жртва. Никој повеќе не е тепан, како што е тој од УДБА. Меѓутоа кога зборуваме за него, треба да зборуваме за фазите. Првата фаза е формирање на дијаспора. После дека е малтретиран и лежел во затвор е факт, тоа го прави сериозен политички дисидент македонски. Но, одиме понатаму. Факт е дека во целата фаза тој има барем 10.000 страници текст каде што самиот пишува се и сешто со кој се сретнал и за што разговарал и тоа за УДБА. Тој влегува во соработка со таа УДБА.
Тоа е пред 90 година, слушам за тој Драган Богдановски, го наоѓаме и тој вика дојдете кај мене во станот. После испаѓа дека тој стан бил од УДБА даден, каде што тој снимал. Он тука има една активна соработка со УДБА. Вториот момент е кога заминува надвор од Македонија.
Од основањето на ВМРО-ДПМНЕ неговата улога е во што: Ние со Борис Змејковски почнуваме да ја формираме ВМРО-ДПМНЕ. На нас во тоа време ни требаат авторитети. Ајде Борче да настапиме и да разговараме со човекот. Целата подготовка за формирање ја правевме јас и Змејковски. Одиме во Минхен, доаѓа Гојко Јаковлевски, а ние му викаме на Драган ајде сега е време да се вратиш да бидеш Претседател. Ние бевме во шок со Борис. Не вика, не можам да прифатам. Е како бе, кој да биде. Вика, биди ти ако сакаш. Му викам како јас да бидам, јас сум млад. Тој ми вика јас ќе се вратам кога ќе оценам ситуацијата каква е. Драган Богдановски во основачките собранија го нема нигде. Тој се појавува во пет реченици, и пак си заминува надвор од Македонија.
Неговата улога во почетоците на ВМРО-ДПМНЕ е минорна. Ниту идеолошки, ниту организациски. Тој беше присутен само како име. Да кажеш дека Богдановски те формирал е исто како да кажеш дека УДБА те формирала.
Извор: Pogled.mk