Неговиот татко имал малигно заболување на простата со години и се чинело дека наскоро ќе дојде среќен крај и дека ќе го види својот татко повторно здрав. Крајот дојде, но не како што тој го замисли. Исто така беше и крајот – почеток на тажната судбина на Љубиша Ракиќ (44) од Парачин, на кого короа вирусот му ги зеде татко му, сестра му, и неговата мајка.
-Бевме просечно српско семејство, сите живеевме заедно во семејна куќа. Покрај грижата што ја има секое семејство, наша најголема грижа беше здравствена состојба на мојот татко, кој во последните две години лекувал рак на простата.
Татко ми честопати беше во болници за прегледи, беше на дијализа и често се случуваше неговиот катетер да се откачи поради што одевме во болницата да го наместат, така беше и овој пат
-Стигнавме во болницата, каде два дена го чуваа татко ми на дополнителни испитувања, по што го ослободија на домашно лекување. За тоа време кое што го поминал во болницата, тој бил во просторија со жена за која не се знаело дека има вирус на корона.
Откако беше отпуштен од болницата, татко ми ги доби првите симптоми на коронавирусот и веднаш реагиравме. Го вративме во болницата во Чуприја, каде по неколку од таму беше пренесена во Белград во болницата „Драгиша Мишовиќ“, каде помина вкупно 17 дена, додека беше на респиратор последниве 7 дена, по што поч ина на 70-годишна возраст – раскажува за за „Блиц“ Љубиша Ракиќ, човекот на кого Короната му го зеде целото семејство.
-Се помиривме со судбината дека татко ми не е повеќе помеѓу нас, но животот продолжува. Бидејќи само мојата сестра, мајка и јас останавме во куќата, немав никаков контакт со мајка ми и не и пристапував без маска, додека сестра ми забораваше и минуваше време со неа.
Неколку дена по загубата на нивниот татко, неговата сестра разви треска. Како да почувствував што се случува и реков да се спакува и да оди во болница за да направам тест на корона. Ги немаше сите симптоми, само висока температура. Таа отиде во болницата, каде што остана да лежи додека не дојдат резултатите. Додека сестра ми беше во болница, мајка ми исто така имаше треска – не знаев каде сум тогаш!
Отидов со мајка ми во болница, каде и нејзе ја оставија да лежи таму се додека не пристигнат резултатите, истата состојба како и со сестра ми. После три дена поминати во болницата во Чуприја, сестра ми и мајк ми се пренесени во Белград, поточно во болницата во Земун. После една недела борба, тие ги ставија на респиратор, се сеќава Ракиќ.
– Додека тие беа во болницата, се надевав дека се ќе биде добро – но за жал не беше така! Сестра ми по чина, а потоа и мајка ми. За само еден ден, изгубив двајца од нив и за само еден месец бев сосема сам.
– Тој непостоечки вирус, како што многумина го нарекуваат, зеде се од мене. Моите најблиски веќе не се со мене заради тој вирус. Ве молам, не зборувај така, јас најдобро знам како е за мене и како е тоа за луѓето кои ги загубија своите најблиски заради „безопасниот вирус“ – Љубиша Ракиќ ја завршува својата приказна за „Блиц“.