6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Јутјуберот кој децата го обожуваат: Започна од подрум, а сега заработува повеќе од 500.000 долари месечно

    Магазинот “Time” ја објави листата на највлијателни луѓе за 2019 година. Покрај личностите кои сме навикнати да ги гледаме на овие позиции, оваа година своето место на листата го обезбеди и младото момче познато како Нинџа, пренесува порталот Точка.

    Момчето кое се прослави така што регуларно започнало да стримува игри од својот подрум во 2017 година, сега се најде на листата на 100 највлијателни личности на светот покрај Доналд Трамп, Тејлор Свифт, папата Франциск, Емилија Кларк и многу други.

    Нинџа, чие вистинско име е Тајлер Блевинс е интернет ѕвезда и гејмер кој се прослави со стримување на играта “Fortnite”. Најпросто кажано, ова 27 годишно момче месечно заработува пола милион долари така што игра во својата соба, а останатите го гледаат.

    Неговиот работен ден не е лесен како што изгледа, со оглед на тоа дека тој поминува 12 часа играјќи игри, а за тоа време неговите следбеници верно го набљудуваат, давајќи му донации и носејќи му нови претплатници. Неговите претплатници го плаќаат пет долари месечно за да ги гледаат неговите ексклузивни стримови.

    Покрај тоа што игра игри, Нинџа цело време активно комуницира со публиката и привлекува нова.

    Дека секој сепак не го може тоа, покажува фактот дека бројни професионалци во оваа област го нарекле вистинска атлета во гејмингот.

    Нинџа е првиот професионален гејмер кој се појави на насловната страница на магазинот ESPN и стана првиот стример кој на Twitch има 10 милиони следбеници.

    Тој во интервју за CNBS потврди дека заработува и повеќе од пола милион долари месечно. Имено, тој заработува пари и од своите следбеници на Јутјуб, како и од спонзори.

    Досега го угостиле најпознатите светски водители како Џими Фелон и Елен Диџенерис.

    Извор: Точка

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.