6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ја убил сопругата , ја закопал во дворот и молчел 26 години , додека синот не го нашол черепот на мајка си (ВИДЕО)

    Полицијата го открила злосторството откако синот им покажал каде е закопана неговата мајка. Тој со години тврдел дека татко му ја убил неговата мајка , но никој не му верувал. 29 – годишниот Арон Фрејзер имал три години кога неговата мајка Бони Хаим исчезнала. Не му верувале дека таткото ја убил мајката дури и нејзините роднини.

    Детето раскажувало дека таткото пукал во мајката , а нејзиниот автомобил го фрлил на дното на блиското езеро . Но , никој не го прашал Мајкл зошто автомобилот на Бони е најден во езерото. Полицијата покрај телото на Бони , закопано во дворот, нашле куршум , што одговара на пушката на Мајкл. Арон бил посвоен од друго семејстов , чие презиме Фрејзер тој го земал за свое. По повеќе од 20 години синот поднел тужба против татко му за убиството на мајката.

    Во 2014 тој заедно со роднина работел на уривање на базенот во дворот на семејната куќа , кога ги нашол и коските на неговата мајка.

    ,,Ги држев во рака. Мислев дека сме откопале кокос , но веднаш потоа здогледав заби и сфатив дека држам череп.”

    Жената била злоставувана од сопругот и во 1993 решила да избега од него .Отворила сметка во банка и тајно ставала пари на неа со надеж дека заедно со детето ќе избегаат додека Мајкл е на службен пат. Но , сопругот и ја открил сметката и по кавгата , ја убил и ја закопал во дворот.

    Мажот на полицијата тогаш им раскажал дека не знае каде е жена му . Тој потоа се преселил во Северна Каролина , каде е уапсен во 2015 , кога било утврдено дека черепот што го нашол синиот во дворот и припаѓа на Бони.

     

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.