6 C
Skopje
петок, декември 5, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ја сакав, Господ ми е сведок, но тоа што Јована го направи ги згрози сите“- Исповед на младиот Петар

Со Јована бевме во брак 3 години. Се беше совршено. Таа нежна како каранфилче, убава како да е излезена од бајките, висока како манекенка, домаќинка како што секој маж може да посака, едноставно совршена жена.

Ја сакав премногу, но кој не би сакал вака жена нели?

Јована ми роди две прекрасни дечиња, Татјана и Теодор. Лични, белички со црвени обравчиња, секогаш насмеани, едностано среќни деца. Таа демнееше над нив секоја секунда од денот, премногу ги сакаше.

Јована секој ден ме испраќаше и пречекуваше од работа со насмевка, но тој ден беше бледа, очите и светеа, а телото и гореше од температура.

Кога влегов низ вратата ја најдов како седи на масата целата стуткана на столчето. Дојдов, ја погледнав и ја прашав што се случило….Таа ме погледна со натажени очи и едвај изусти: „Петар, кријам една тајна од тебе, поради која решив дека веќе не сакам да живеам.

Кога беше на печалба, дојде Драган, мојот втор братучед, да ги види децата. Му направив вечера, и наздравивме со вино. Но, испивме малку повеќе и се најдов на нашиот брачен кревет. Спиев со него, а вчера дознав дека сум бремена.

Јас Петар те сакам, направив голема грешка поради која не можам да си опростам и се напив отров пред 2 часа кој веќе почна да делува. Прости ми Петар, не знаев што правам“- рече Јована и ми падна на рацете. Јована почина. Бев згрозен, но и тажен во исто време. Ја изгубив Јована како да изгубив се.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.