Заменик министерот за животна средина од редовите на СДСМ, Јани Макрадули на својот Фејсбук профил напиша објава, со која застана со поддршка за неговиот сопартиец Дамјан Манчевски.
Денес Манчевски даде изјава за медиумите, во која рече дека во изминатите 11 години, членовите на СДСМ не се вработувале, па ако и сега не се вработат, што би требало да направат, да заминат од државата.
-За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако имаат време. Како паталец со примери дека ниту искуство, ниту знаење нити просек, а не пак SCi трудови помагаат. Секако не сум бил единствен, некои поминале многу полошо и подолго, ама мора да повториме една лекција: солидарноста е одлика на социјалдемократите. Не за вработување, за Поддршка зборувам. Тоа преведено во претстојните избори значи: единствен кандидат за едноставна победа.
За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако…
Posted by Јани Макрадули on Monday, 11 February 2019
Следуваат лавина од разни реакции и коментари, еден од нив гласи: „Во превод: Смрт за неопределени и за мерит систем.“