6 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2025
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Јавноста исклучена од „Монструм“, во судницата се слушаат телефонски разговори

    Претседателот на судечкиот совет кој го води случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро, ја исклучи јавноста од денешното рочиште, на кое како доказен материјал ќе бидат презентирани телефонските разговори поврзани со убиствата.

    Презентирањето на телефонските разговори најверојатно ќе продолжи и на наредните рочишта на кои, исто така, ќе биде исклучена јавноста.

    Предметот „Монструм“ од страна на Врховниот суд е вратен повторно во судска постапка од почеток, откако на доживотна казна затвор за тероризам беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

    Двајца од обвинетите за случајот „Монструм“ Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство и се наоѓаат во Косово. Министерството за правда сè уште нема добиено одговор дали обвинетите ќе бидат екстрадирани.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.