Рускиот претседател Владимир Путин стигна во Србија, а на паркингот во близина на ВИП-терминалот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ веќе била паркирана лимузина со која подоцна се повозел низ Белград.
Се работи за моделот „аурис аенат“, а лимузината е направена специјално за Путин, па се нарекува и Путиномобил, пренесе српски „Телеграф“.
Техничките карактеристики главно се чуваат во тајност, но медиумите наведуваат дека автомобилот од руско производство изгледа исклучително импресивно и дека во одредена мера може да се нарече идеолошко оружје на Кремљ.
Некои новинари на новиот автомобил на Путин му го дадоа името Ѕвер наведувајќи дека тоа е вистински бункер на тркала.