Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев од собраниска говорница побара да се повлече срамниот закон со кој се предвидува да се зголеми платата на вицепремиерите Радмила
Шекеринска, Кочо Анѓушев, Хазби Лика и Бујар Османи. Тој ги повика пратениците да се откажат од неадекватното зголемување на платите.
,,Веднаш повлечете ги овие точки од дневен ред за зголемување на платата на функционерите
и вториот закон со кој се предвидува да се стави заменик директор на Агенција за
поттикнување и развој на земјоделството. Срамно е ова што го правите. Малку ви се плати од 70.000 денари, па сега барате уште 8.000 денари. Срамно е и со замениците директори што ќе се плаќаат од грбот на народот”, рече Ѓорчев.
Точките остануваат на дневен ред, бидејќи пратениците не го изгласаа предлогот на Ѓорчев.