6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Што треба да знаете кога се одлучувате за темен кармин

Есента ни влезе во секојдневието, а со тоа најави дека е време за сите безбројни кармини и сјаеви во бебешко розова или праска боја за да ги вратите во несесерот што не го користите често, бидејќи стигна официјална потврда од Модната недела во Париз – темните кармини се апсолутен хит оваа сезона.

karmin_temen

Сепак, пред да се нурне во овој богат спетакар од бои, постојат шравила за кои мора да поведете сметка доколку сакате темниот кармин на вашите усни да изгледа ако што теба, вели познатата шминкерка Кејт Ли.

Пилинг на усните

За да изгледа убаво карминот во темни нијанси на васшите усни, неопходно е пред нанесувањето да направите пилинг што ќе овозможи устата да стане мека и кадифеста. Пилингот можете да го направите дома со обичен шеќер и мед. А потоа да нанесете база која ќе ги омекне усните, или можете да употребите балзам или обичен крем за нега на лицето.

Тен

Ако сакате да носите кармин во темни нијанси ке мора да се погрижите лицото да ви биде што почисто. Темните кармини најубаво доагаат до изрзаз со порцелански тен. Затоа внимателно исчистете го лицето, а потоа за да ги покриите недостатоците употребете коректор. И најважно ако носите темен кармин внимавајте да не претерате со руменило.

Веѓи

Во комбинацијата со темниот кармин никако не одат премногу нагласени веѓи. Доволно ке биде само да ги обликувате со помош на гел за веги.

Рабови

Ако се одлучите за мат кармин во темна боја, избегнувајте моливче за усни.со самиот мат кармин ке успеете да ги дефинирате рабовите на усните. Само внимавајте прецизно да го нанесете. Сепак познатите шминкери советуваат врз рабовите на усните да нанесете малку транспаретна пудра во прав. Доколку, пак, се одлучите за сјаен кармин во темна боја тогас моливчето ќе ви биде неопходно.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.