6 C
Skopje
среда, септември 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Што треба да знаете за акните

    Акне е најчесто заболување на кожата кое ги зафаќа 85% од адолесцентите. Акните не влијаат директно на здравствената состојба на пациентот, но можат поради незадоволството од сопствениот изглед индиректно да доведат до губење на самодоверба, повлекување во себе, дури и до депресија. Затоа нарвреме треба да се превземат соодвети мерки за лекување.

    Која е причината за појава на акни?
    Делуваат повеќе причинители едновремено за појава на акни. Некои од нив се следниве :
    – Гените кои ги наследуваме играат најголема улога дали една особа ќе развие акни или не;
    – Во период на пубертетот се поврзуваат со сеште нерегулираната хормонална активност;
    – Зачепување на изводните канали на лојните жлезди ;
    – Зголемено размножување на бактериите (Propionibacterium acnes) нормално присутни во кожата што доведува до формирање на гнојната бубулица.

    Каде се локализирани акните?
    Акните се локализирани на кожата на лицето, грбот и градите . Може да се појават во еден од следниве облици :
    – Комедони (митисери) или познати како црнки или белки;
    – Папули (воспалени црвеникави мозолчиња);
    – Пустули (гнојаници) исполнети се со гној;
    – Tешки облици на акни – односно чворести промени кои оставаат големи и длабоки лузни

    Лекување на акни
    Лекувањето на акните мора да биде спроведено на време, индивидуално прилагодено и спроведено од стручно лице.
    – Лечењето може да биде локално (лекови кои се мачкаат на кожата во облик на гелови и креми) и системски (во облик на таблета и капсули). Кај сите облици на акни секогаш е добредојденa употребата на медицинска козметичка линија препорачана од дерматолог .
    – Постојат современи технологии и процедури кои го подобруваат и убрзуваат лекувањето на акните, а се користат во ординација д-р Анчевски . Некои од најефектните третмани за акне кои се безбедни и приспособени за секоја возраст се: кристалниот пилинг или микродермоабразија, хемиски пилинг , радиобранови и ласерски третмани. Овие третмани го чистат лицето од постоечките митесери и акни, од површинскиот слој на маст и мртви клетки, ги отвораат порите и се одложува можноста за создавање нови акни и лузни од акни.

    Совет
    Акните може да траат повеќе години и единствените што се стручни да ја водат оваа проблематика се само лекарите дерматолози.
    – Не ги притискајте самите мозолчиња бидејќи може да настане ширење на инфекцијата во длабочината на кожата. Следете ги советите на Вашиот дерматолог.
    Правилна нега и навремена терапија е сигурно решение да не се јават несакани последици како што се лузни од акни кои ќе треба подоцна дополнително да се лекуваат.

    Д-р Анета Кокалеска Петрушевска
    специласит – дерматовенеролог
    Oрдинација д-р Анчевски

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.