Двајца штипјани биле нападнати во Скопје, за време на одржувањето на боречки натпревар. Според полицијата, вчера околу 15,40 часот пријавено е дека во спортска сала во Средното училиште ,,Зеф Љуш Марку” лоцирано на улица ,,Лазар Трпковски” во Скопје, К.Н.(34) и Г.Н.(44) од Штип, додека се одржувал боречки натпревар, биле физички нападнати од повеќе лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.