За 20 минути во вториот дел, Вардар направи серија од 11:1, а публиката во салата се воодушевуваше на одбраните на Арпад.

Во текот на целата сезона Вардар ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампионите. Ниту еден противник не најде лек за челичната дефанзивна линија на “црвено-црните” предводена од голманот Арпад Штербик.

Кулминација на неверојатните одбрани на Штербик се случи вечерва на дуелот против Кристијанштад. Гостите дадоа осум гола во првото полувреме, што како да беше најава за шоуто што следуваше во вторите 30 минути.

Штербик едноставно беше несовладлив и за 20 минути прими само 1 гол! Вардар во овој период направи серија од 11:1, за убедлива предност од 25:9, кога и се беше јасно околу прашањето за победникот. До таа 50 минута, Штербик имаше дури 17 одбранети удари и само 9 примени голови.

Извор: Sportmedia.mk