Својата приказна на Фејсбук ја споделила девојка која за својот 18 роденден направила нешто навистина посебно.
Раскажала како нејзината мајка го запознала нејзиниот очув додека таа имала само една година, а парот се венчал една година подоцна.
Таа одлучила во еден момент да го промени своето презиме и да го земе презимето на очувот. Издала книга на спомени и фотографии од денот кога тој човек влегол во нивниот живот.
Целиот свој план го спровела на дело 3 месеци пред неговиот роденден, а потоа во книгата открила што сторила.