Хрватска ја совлада Чешка со 28-27 во меч за 5. место на ЕП, а по крајот на мечот емотивно пред новинарите се обрати еден од најомилените ракометари, Иван Чупиќ кој се збогуваше од дресот на „коцкестите“.
„Јас денес го одиграв последниот меч за Хрватска. Сакам да се заблагодарам на мојата фамилија која ми беше голема поддршка. Не сум подготвен да дадам 300 % за Хрватска и мислам дека најчесно е да се збогувам. Ако не можеш да дадеш толку, тогаш не заслужуваш да бидеш тука. Пробав на овој турнир колку што можев, благодарам на сите за ови 12 години“, изјави Чупиќ.
Десното крило на Вардар, така сега ќе се посвети само на клупските обврски кон нашиот првак.
Извор: Sportclub.mk