Серијата без крај продолжи и минатата вечер. Секако се зборува за повредите на битните играчи (ако воопшто има небитни во НБА лигата).

Последно име на списокот е она на Србинот Милош Теодосиќ. Пред крајот на втората четвртина на дуелот со Феникс Санс, во желбата да дојде до една топка со помош на дефанзивен скок, бекот на ЛА Клиперс доскокна на ногата на Девин Букер, и остана да лежи на паркетот.

Веднаш беше пренсен во болница. Каде за среќа на Клиперс, снимките на повредената лева нога на Теодосиќ покажале дека не станува збор за скршеница, одосно на стопалото.

Во текот на денот српскиот интернационалец треба да направи уште една, со магнетна резонанца по што ќе се знае степенот на повредата и должината на паузата.

Во моментот на повредата на популарниот „Тео“, Клиперс имаа сигурно водство (50:37) кое до крајот на мечот го удвоија (130:88).

Блејк Грифин имаше 29. реализации, Лу Вилијамс 18, а заменикот на Теодосиќ (запиша пет поени и две асистенции до повредата), Патрик Беверли – 15.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Извор: Arena.mk