Соученик на напаѓачот Брентон Тарант, одговорен за масакрот во Нов Зеланд, вели дека бил повлечен ученик. Лук Макскиминг, кој учел заедно во Тарант во средното училиште во Графтон во Нов Јужен Велс, вели дека го памети како ученик кој не се грижел премногу за оцените.
-Четири години учев со него и ова ме изненади. Беше тивок, повлечен тип со лоши оцени. Не се грижеше баш за наставата – вели Макскиминг.
Бабата на 28-годишниот Брентон Тарант, пак, реагирала со неверување за она што го слушнала од медиумите за својот внук.
94-годишната Џојс Тарант изјавила за медиумите дека ладнокрвниот убиец кој се снимаше себе како пука во муслимани кои се молат, не е внукот кој го познава.
-Тоа е многу вознемирувачко, особено затоа што Брентон беше толку добро момче, ракла таа за австралискиот Дали мејл, додавајќи дека тој семејството го посетувал два пати годишно, а последен пат за Божиќ.
Извор: Фокус.мк