6 C
Skopje
понеделник, мај 20, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Шилегов до Мицкоски: Дома не му кажува, па јас ќе му кажам на Мицкоски каде работи неговата сопруга

    Обидувајќи се да докаже дека вработувањето на неговата сопруга не е спорно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес изјави дека таа веќе десет години работи во образование, односно од 2005 година работи во Гоце Делчев.

    Веднаш, со зајадлива реакција на фејсбук се јави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој, на социјалната мрежа фејсбук напиша дека Мицкоски очигледно не знае во која гимназија работи неговата сопруга.

    -Бидејќи по дома не му кажуваат, а самиот не знае, еве да му кажам: Неговата сопруга е вработена во гимназијата Орце Николов и предава македонски јазик. Во нашиот град нема гимназија Гоце Делчев. Кажувајте му вакви работи на човекот. Нека не се брука…, напиша Шилегов на фејсбук.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.