Кошаркарите на Годен Стејт убедливо славеа над Оклахома со 118:91 во вториот натпревар од финалната серија, во Западната конференција, во НБА лигата.
https://www.youtube.com/watch?v=sw30udKvm_E
Натпреварот во „Оракл Арена“, во Оукленд, го реши МВП играчот на сезоната, Стеф Кари во третата четвртина, кога за нецели две минути успеа да постигне неверојатни 15 поени.
Кари натпреварот го заврши со 25 поени (9/15 од поле), а двоцифрен број на поени постигнаа уште Клеј Томпсон 15, Мариз Спејтс 13, Фетис Езили 12, Херисон Барнс 11 и Дрејмон Грин кој имаше шинок од 10 поени, осум скокови и седум асистенции.
Оклахома ја предводеше Кевин Дурент со 29 поени, од кои само шест постигна во второто полувреме, во кое загуби дури осум топки. Расел Вестбрук оставри двоен ефект од 16 поени и 12 асистенции.
Финалната серија на Западот сега се сели во Оклахома Сити, а третиот меч на програмата е в недела.