Во италијанскиот град Риети се случила една несекојдневна работа – во една од болниците, калуѓерка родила дете.
Калуѓерката, чие име не е познато, во вторникот навечер родила здраво момче во една болница во Риети. Имено, по силните болки кои ги почувствувала во стомакот, нејзините колешки повикале Итна помош. Била пренесена во болница, каде што родила дете тешко 3,5 килограми.
Вработените во болницата се’ уште не дале официјална потврда за случајот. Нејзината приватност настојувале да ја заштитат, па така ја одвоиле од останатите пациенти, пишува “Анса”. Меѓутоа, тоа не спречило веста да се прошири на социјалните мрежи.
Инаку, калуѓерката е со потекло од Ел Салвадор, а на детето му го дала името Франческо, слично на името на актуелниот папа.
Според пишувањата на AFP, калуѓерката наводно не знаела дека е бремена.