6 C
Skopje
понеделник, јуни 24, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Човечката негрижа може да уништи еден од најпознатите туристички бисери

    Септичките јами на Хаваите започнаа да создаваат големи проблеми за локалното население, туристите, нуркачите и за сурферите.

    Кожни инфекции, контаминација на водата за пиење, оштетување на коралите и загадување на плажите се само некои од последиците од зголеменото количество отпад на Хаваите.

    Властите велат дека количината нитрити забрзано се приближува до максимално дозволената граница, а според официјалните податоци, во моментот има повеќе од 88.000 септички јами на осум хавајски острови, што е повеќе од која било друга американска држава.

    Посебно вознемирувачки податок е тоа што повеќе од 90 отсто од водата за пиење на Хаваите доаѓа од подземни резервоари, а од јамите во земјата се излеваат по 200 милиони литри отпадни води секој ден. Решавањето на овој проблем, односно расчистувањето на јамите, Хаваите би можеле да ги чинат околу 1,75 милијарда долари.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.