Закажаните четири концерти на кои Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“, на 23, 24, 25 и на 26 февруари, се распродадени.

Од „Авалон продукција“ информираат дека поради големиот интерес, закажани се три нови, на 1, 2 и 3 март во Македонската опера и балет.

Влезниците се пуштени во продажба по цена од 800 денари преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ во цела Македонија и онлајн. Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак-издание од новиот албум „Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.