6 C
Skopje
недела, септември 24, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Четворица нови осомничени, меѓу кои и функционер за перење пари во невладината на Боки 13

    Пет физички лица и едно правно лице од кои еден функционер се осомничени за финансирањето во невладината на Бојан Јованоски „Меѓународен сојуз“ потврди државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. 

    Лицата се осомничени за перење пари, помагање и измама. Меѓу осомничените четворица се нови, а за еден од нив се бара притвор, за останатите мерки на претпазливост.

    – „Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.“ – сто во соопштението на ОЈО.

    Проширувањето на истрагата за невладината на Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

    Извор: 24,mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.