Пепи Манасков, македонската ракометна легенда и татко на репрезентативецот, Дејан Манасков пред неколку дена излезе со изјава дека времето на Лино Червар е поминато. Искусниот стратег не чекаше многу па отиде во крајност, на тапет го стави нашиот национален тим во кого пред една година се „крстеше“.
Пепи Манасков, македонската ракометна легенда и татко на репрезентативецот, Дејан Манасков пред неколку дена излезе со изјава дека времето на Лино Червар е поминато. Искусниот стратег не чекаше многу па отиде во крајност, на тапет го стави нашиот национален тим во кого пред една година се „крстеше”.
„Посакуваат само едно, но можностите им се други. Лино е стар волк, но мислам дека неговото време помина. Најголемиот успех го има постигнато како селектор на Хрватска и ова му е како еден вид на благодарност за тоа, да проба да го оствари она што не успеал. Ова му е награда од тамошната федерација”, рече Пепи Манасков.
Лино Червар веднаш возрати на многу ниско ниво. Покрај тоа што го нападна Манасков, тој се пофали дека тој е главниот креатор на македонската репрезентација.
„Мислам дека не треба да обрнуваме внимание на тоа. Се чудам како нашите медиуми го пренесоа тоа. Зошто? Да ме провоцираат, да ме мотивираат? Јас сум еден од најтрофејните тренери на овој регион. Штета што овој човек, поточно играч имаше добра кариера, а сега ништо не работи, па си зема за право да ги оценува другите. Тоа е лошо за спортот. Тоа не е поради мене, мене никој не може да ми наштети. Знам што имам направено, па и за Македонија. Тие немаа да имаат репрезентација да не бев јас и да не работев со тие деца“, рече Червар.
Извор: Sportmedia.mk