Утрово пред домот на сопственикот на градежната компанија „Кубус“, Златко Тодоров, е испишан црн крст со неговото име, а истата порака ја има и на фасадите. МВР за „Макфакс“ го потврди случајот.
„На 18.02 во 8:30 часот З.Т. пријавил дека на улица Христо Смирненски има натпис на коловозот со испишана заканувачка порака при што истата порака ја има и на фасадите. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“. Минатата недела на неколку локации низ Скопје беа поставени натписи за истиот бизнисмен „Кој го штити Златко Тодоров во обвинителството и судот?“
Од полицијата известија дека во врска со опожарувањето на неговото возило, кое се случи лани, постапува скопското обвинителство. „Во врска со настан од 20.09.2018 година околу 4:00 часот на улица Христо Смирнески кога е опожарено патничко моторно возило Х5, со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето К. Т. од Скопје кое го користел неговиот татко З. Т. од Скопје, од страна на увидна екипа од СВР Скопје беше извршен увид и преземени се соодветни мерки и активности. За случајот е известен и јавен обвинител кој во координација со МВР врз основ на прибавените докази дава насоки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Макфакс“.
Целата вест прочитајте ја на МАКФАКС.мк