6 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ципрас ја доби довербата од Парламентот

    Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена. 148 пратеници гласаа против Ципрас.

    Ципрас рече дека Парламентот во Грција денес гласал за стабилност.

    „Денес Парламентот гласаше за стабилност. Владата која веќе ја промени Грција ќе продолжи така до завршувањето на нејзиното уставно загарантирано времетраење“, рече Ципрас.

    Тој претходно изјави дека ако ја добие довербата со апсолутно мнозинство од 151 пратеник во 300-члениот парламент, ќе го достави месецов и договорот за името со Македонија на ратификување.

    Гласањето за доверба следуваше откако десничарскиот коалициски партнер Панос Каменос поднесе оставка во знак на протест поради договорот со Македонија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.