Ратификацијата на преспанскиот договор ќе биде историски чекор, рече премиерот на Грција, Алексис Ципрас за време на своето обраќање пред пратениците во парламентот, додавајќи дека со тоа се решава и долготрајниот спор за името.
Премиерот, исто така, ги осуди закани и заплашување на пратениците кои го поддржуваат договорот од Преспа.
Во пресрет на гласањето за договорот кое ќе се одржи в петок, во 14 часот и 30 минути по локално време, Ципар посочи дека по речиси триесет години неактивност и по една година исцрпни преговори се доаѓа со крајот на еден исцрпувачки процес.
„Инерцијата, кукавичлукот и одложувањето резултираа со тоа што над 130 земји, меѓу кои САД, Русија и Кина, ја признаа ФИРОМ едноставно како Македонија“, рече Ципрас, пренесува „Катимерини“.