6 C
Skopje
сабота, јануари 25, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ципрас: Договорот со Македонија и по цена да падне владата

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас денеска пред пратениците изјави дека одлучил да стави крај на 27-годишниот спор за името со Македонија и дека сака да ја искористи оваа огромна прилика, и покрај политичката цена која би ја платила неговата влада, пренесуваат тамошните медиуми.

Ципрас пред членовите на парламентот денеска застана во одбрана на договорот за нормализација на односите со соседна Македонија, во пресрет на утрешното гласање за недоверба на грчката влада, и по оставката на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој си замина од владејачката коалиција токму поради договорот.

Ципрас, како што пишуваат медиумите се очекува на утрешното гласање да ги добие потребниот број гласови. Во тој случај, тој ќе предложи ратификација на договорот со Македонија во следните неколку дена, пишува АП.

Македонија веќе го исполни својот дел од договорот, го ратификуваше договорот и изгласа измени на Уставот за промена на името.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.