Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ искрено проговори за нејзиното минато, за времето кога била навистина тажна, затворена меѓу 4 ѕида. Имено, Цеца зборува за 2003 година, една од најтешките години во нејзиниот живот.
Тогаш само мислев на моите деца, вели Цеца. Моите родители успеаја да ги чуваат моите деца подалеку од медиумите и да не читаат разно разни глупости за својата мајка. Они со години подоцна мислеа дека тие 121 ден во затвор јас бев на турнеја во Америка, вели Цеца во својата исповест за српските медиуми.
Иако после три месеци е пуштена на слобода вели дека престојот меѓу 4 ѕида каде што има секакви луѓе и паднало многу тешко.
Триесет денови бев сосема сама, без право на посета, адвокати, и сонце. Друштво ми правеа бубашвабите, во ќелијата имаше кревет, маса и клупа. Кога влегов на ѕидовите беа испишани моите песни, си помислив „Боже каква иронија“!, додава Цеца. Таа раскажува и за својата прва ноќ помината зад решетки.
Првата ноќ беше страшна, не можев око да склопам и плачев. После еден месец добив цимерка и ми беше многу полесно. Можев со некој да зборувам и плачам, вели пејачката.