Њујоршката полиција морала да блокира дел од 43. улица и Бродвеј по објавата дека чадорот над еден штанд за продажба на хот-дог бил цел на огромен рој пчели.
Се верува дека околу 40.000 пчели поради силната жештина долетале на штандот од кошница на врвот од еден од покривите на Менхетн.
Спектакуларната и неверојатна сцена привлекла многубројни минувачи и туристи што се нашле во близина на Тајмс сквер за време на ручекот.
Посебно одделение на њујоршката полиција, задолжено за пчели, бргу пристигнало на местото на настанот.
Неколкумина од нив, облечени во заштитни костими со посебен вакуумски уред, го собрале целиот рој во рок од еден час. Во посебен сад пчелите биле транспортирани во нов дом на Лонг Ајленд.
Текстот Центарот на Њујорк преплавен од 40 илјади пчели е превземен од МАКФАКС.