Една млада Американка доживеала крај на долга врска и бидејќи не ѝ било лесно, се јавила кај пријателка и скоро цела ноќ ѝ плачела по телефон.
Во еден момент нејзиното „олеснување на душата“ било прекинато со смс порака од татко ѝ во соседната соба.
„Делаин, те молам намали ја таа тажна музика, и понатаму те слушаме како плачеш. И замолчи веќе, и онака беше грд“, напишал татко ѝ.
Делаин подоцна објаснила дека нејзиниот татко е човек со весел карактер кој сака секогаш да ја види насмеана. Судејќи според реакциите, шегоитиот татко успеал да го насмее барем интернетот.