6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Хјустон ја елиминира Оклахома, брејк на Јута, нова предност за СА

    Хјустон е вториот тим од Западот кој избори пласман во конференциското полуфинале, откако успеа во пет натпревари да ја елиминира Оклахома. Во преостанатите две серии ќе се игра најмалку уште еден натпревар откако Јута и Сан Антонио поведоа со 3-2 против ЛА Клиперс 3-2, односно Мемфис.

    Хјустон, со вкупни 4-1 ја елиминира Оклахома. Кошаркарите на Мајк Дантони во петтиот меч славеа со 105:99.

    Победникот го предводеше Џејмс Харден со 34 поени и осум скокови, но со лоша реализација од поле, тој погоди шест од 12-те обиди за два, а постигна само две тројки од 13 обиди.

    На спротивната страна Расел Вестбрук беше на чекор до нов трипл-дабл, мечот го заврши со 47 поени, 11 скокови и девет асистенции.

    Хјустон во полуфиналето на Западот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Сан Антонио и Мемфис.

    Спарси водат 3-2, откако изминатата ноќ славеа со 116:103. Домаќинот клучната предност ја направи во втората и третата четвртина. До победата Спарси ги предводеше Каваи Ленард со 28 поени, а одличен беше и Пети Милс кој постигна 20 кошеви.

    Мајк Конли со 26 и Марк Гасол со 17 поени и седум скокови беа најдобрите играчи на Мемфис.

    Јута направи нов брек во Лос Анџелес против Клиперси за водство во серијата 3-2. Јута славеше над Клиперси 96:92.

    Гордон Хејворд беше најефикасен кај „џезерите“ со 27 поени, Руди Гобер оствари двоен ефект од 11 поени и исто толку скокови, а одличен учинок од клупата имаа Џо Џонсон со 16 и Родни Худ со 14 поени.

    Клиперси без повредениот Блејк Грифин тешко ќе можат да ја добијат оваа серија. Против Јута само тројца имаа двоцифрен ефект, Крис Пол Постигна 28, Џеј Џеј Редик 26 поени, а Деандре Џордан оствари 14 поени и 12 скокови.

    Победникот од оваа серија во полуфиналето ќе игра против Голден Стејт.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.