Хрватскиот водител Александар Станковиќ веќе со години се обидува да го донесе Ѓорѓе Балашевиќ во својата емисија „Недела во 2“, но никако да успее во тоа, па реши да отиде чекор подалеку и пред неколку дена во Нови Сад се појави билборд со натпис:
„Драг Ѓоле, сè уште те чекам… Миа Раденковиќ“
Aco Stanković genijalno snubi Balaševića: zakupio je pano u Novom Sadu i napisao ‘Dragi Đole, još uvijek te čekam…’ https://t.co/qKuCwIqxXy pic.twitter.com/KIhV6Ggq9W
— Telegram (@TelegramHR) January 16, 2019
Додека сограѓаните на Балашевиќ се прашуваа на кого е упатен, Александар Станковиќ потврди дека тој стои зад овој гест, пишува „Данас“.
„Веќе 15 години се обидувам да го донесам Балашевиќ во мојата емисија. Ми падна на ум дека можам да закупам голем плакат во Нови Сад. Јас сум негов голем обожавател и го слушам од детството. Бев на четири негови концерти. Со неговите песни се вљубував“, рече водителот на ХРТ за хрватските медиуми надевајќи се дека овој пат Балашевиќ ќе се согласи да му биде гостин.