6 C
Skopje
петок, јуни 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    ХОРОСКОП 18 ОКТОМВРИ (СРЕДА)

    Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…

    Овен (21.03-20.04)

    Ви се отвораат нови можности за подобра работа или пак поголема заработака, но секако дека ќе морате да бидете во центарот на настаните и да внимавате со кого вклопувате договори. Во емотивните врски односите полека но сигурно се средуваат, а во семејството ве очкуваат новини кои многу ќе ве израдуваат. Слободните претставници да се подготват за нова љубов. Здравје: просечно внимавајте на исхраната.

    Бик (21.04 – 21.05)

    Ќе се почуствувате доста запоставено, па затоа ќе направите сцена со партнерот за да го завртите вниманието кон вас. Но внимавајте да не претерате. Воопшто не смеете денеска да потпишувате било каков договор, бидејќи ова е ден кога можете да погрешите. Финансиската сосотјба се подобрува. Здравје: ќе бидете чуствителни, подложни на настинки и инфекции, не се заморувајте премногу и спијте за да ги избегнете старите болки.

    Близнаци (21.05 – 22.06)

    Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте за ништо важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо. Емотивните односи ви се нестабилни особено кај оние во сериозните врски. Здравје: добро.

    Рак (22.06 – 22.07)

    Вашите односи со околината, партнерот или некоја постара личност од кругот на вашите роднини особено ќе бидат проблематични и не ќе можете да најдете излез. Клучниот збор за вакавата ситуација е ,,прилагодување,, но при тоа ниту вашите залихи на енергија не се бесконечни. Време е да ги наполните батериите. Во љубовта многу ви е важна поддршката од партнерот. Слободните се склони кон еротски излети.

    Лав (23.07 – 22.08)

    Убаво ќе се забавувате и покрај тоа што некои личности ќе се обидат тоа да ви го расипат. Ќе бидете духовити и рамнодушни што се однесува до нив едноставно омаловажете ги. Ве очекува љубовна средба која долго ја планиравте, и после која треба да донесете некои важни одлуки. Бидете потрезвени размислете добро, внимавајте да не избрзате. Очекувајте пари, особено ако имате некој во странство. Здравје: добро.

    Девица (23.08 – 22.09)

    Се ќе биде добро ако денес никој не ви се спротивстави или ја критикува вашата работа. Ќе се чуствувате супериорно во решавањето на интелектуалните проблеми, а во таа еуфорија внимавајте некого да не навредите. Понекогаш знаете нешто непромислено да кажете. Во емотивната врска ве очекуваат мали расправии за некои стандардни проблеми. Здравје: посететте го вашиот лекар и побарајте совет.

    Вага (23.09 – 22.10)

    Препреките кои ги имавте на работното место успешно ќе ги преминете, а оптимизмот значително ќе ви порасне. Некоои Ваги охрабрени од ваквата ситуација ќе прифатат и нови и поголеми предизвици на деловен план. Ве советуваме да бидете потрпеливи и мудро да раководите со финансиите. Ќе добиете пари, но не во очекуваната количина. Новото пријателство ќе ви помогне да ги залечите старите рани.

    Скорпија (23.10-21.11)

    Бидете внимателни планетите ви приготвуваат непријатни изненадувања. Кај некои ќе бидат зафатени семејните односи кај други стамбеното прашање а пак кај трети ќе се појави љубомора, кавги и прекинување на врските. Најмногу ќе бидт погодени поретставниците од втората декада и се она што сте сакале да го сокриете сега ќе излезе на виделина и ќе бидете склони кон емотивни, остри и нагли постапки.

    Стрелец (22.11 – 21.12)

    Нека не ве загрижуваат, озборувањата и недоразбирањата со оклината. Вие сте на добар пат да ги остварите вашите соништа и во тоа ништо неможе да ве спречи. Ако сте во врска партнерот би можел да делува како кочница но можеби и не е така лошо ако некој понекогаш ве приземји. Слбодните претставници ќе бидат мета на додворување и комплименти особено ако сте некаде на патување.

    Јарец (22.12 – 20.01)

    Комуникациите не ви се многу стабилни. Најдобро би било денес во односите со соработниците и претпоставените да бидете службени и да избегнувате блиски односи. Ќе имате доста време да се занимавате и со оние работи кои вие ги сметате за многу важни за вас. Настојувате тоа да биде една работа. Приватниот живот ви е стабилен. Слободните претставници ги очекува одлична шанса. Искористете ја. Здравје: добро.

    Водолија (21.01 – 19.02)

    Ве очекува бурен емотивен живот, но не со некој посебен емотивен предзнак. Особено родените во првата декада ќе почуствуваат потреба да променат нешто во својот свет. Ќе бидете водени со силна енергија, а на моменти и безобразно ќе настапувате. Одлуките ќе ги донесувате со вашата позната логика и ќе треба да се воздржувате од необични врски скандали и импулсивни одлуки. Вие сте на потег. Здравје: одлично.

    Риби (20.02 – 20.03)

    Ќе се почуствувате осамано и погодени од околностите кои сами не можете да ги контролирате. Вашата склоност кон жртвување во грижата за другите сега ќе дојде до израз, бидејќи некој близок во моментот ви е могу потребен. Во сериозните врски ќе се соочите со криза и тоа поради одсутноста на вашиот партнер, а слободните ќе патат од невозвратена љубов и тајни врски. Здравје: нестабилно.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.