Прочитајте го вашиот дневен хороскоп и дознајте што ве очекува денес…
Овен (21.03-20.04)
Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ке споделат незаборавни интимни моменти, а оние Овнови кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Уживајте!
Бик (21.04 – 21.05)
Бидејќи многу сте се се забавувале и сте сватите дека таков стил на живеење не ви одговара, тргнувате во љубовно освојување и смирување. Тоа доста тешко ќе ви оди , и бара доста труд, затоа пак далеку поедноставно е слободните моменти да си ги поминете со некој кој навистина ви е важен. Отворено искажете го тоа и почнете да планирате подобри животни услови. Здравје: просечно.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Функционирате растргани на повеќе страни. Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоовлни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации. Фокусирајте се на тоа. Здраствената состојба ви е чуствителна можни се проблеми со крвниот притисок.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес ќе бидете преокупитрани со планирања, со оглед на состојбата во која се наоѓате. Од многуте планови, воглавно ќе остварите само мал дел и тоа пред се од оние кои се поврзани со емотивниот живот. На работа ве очекуваат многу обврски, за кои изгледа не сте подготвени. Не правете од себе херој ако согледате дека не сте во состојба да ја прифатите одговорноста и да ги реализирате обврските.
Лав (23.07 – 22.08)
Повеќе внимание ќе му посветите на мотивите кои ве тераат на некои необјасниви работи. Ќе сватите дека некои ваши постапки ги криете во минатото и ако сакате да продолжите понатаму ќе мора да расчиситите со тој дел на животот. Најдете дел од денот и поминете го сосема сами и размислете подлабоко. Здравје: чуствително можни се главоболки или пороблеми со забите.
Девица (23.08 – 22.09)
Размислувате за раскинување на врската или некој однос кој досега не вродил никаков плод. Не сакате повеќе ништо да трпите, а чуството на спречност е состојба на тивко незадоволство. Конечно сте сватиле од каде дува ветерот, проблемот сте го анализирале, па сега преостанува финалното пресметување. Сигурно ќе успеете-само напред. Во одлична здраствена состојба сте.
Вага (23.09 – 22.10)
Како по обичај идеалистички сте расположени и со тежнеење кон перфекција запаѓате во разни грешки. Нервниот систем трпи. Тоа е појако од вас, но има лек па побарајте го. Здраствените проблеми делумно се резултат на неадекватно однеусвање во семејството и лошите комуникации. Веднаш преиспитајте ги вашите постапки додека не е доцна.
Скорпија (23.10-21.11)
Ќе комуницирате многу и повеќе ќе се занимавате со некои помали работи, но во финансиска смисла повеќе претставува загуба отколку добивка. Ве советуваме да бидете многу внимателни во работите поврзани со пари, бидејќи денес навистина ве пратат тешкотии. Опасноста за загува ви се зголемува поради вашата невнимателност. Ќе имате доста енергија, па ќе ви користи движење и дружење со луѓе. Сентименталните односи ви нудат многу задоволство.
Стрелец (22.11 – 21.12)
На работното место чувствувате дека некои работи не се одвиваат сопоред предвидениот план и дека некој од соработниците има намера да ви наштети. Немојте да се плашите стравот е само во вашата фантазија. Потребно е само да се однесувате малку поопуштено и така да ја олесните работата која ви претстои. Покрај тие неповолности, акцентот го ставате на емотивен план, на љубовта, еротиката, додворувањето, забавата и разонодата.
Јарец (22.12 – 20.01)
Интензитетот на вашите општествени и љубовни активности ќе ви опадне. Ќе бидете склони кон повлекување и размислување за некоја цврста и стабилна љубовна врска во која наоѓате разбирање и длабоки емоции. Ќе ве измачуваат и некои недоверби во врска со вашите способности, а во тоа многу ќе ви помогне личноста која ве сака. Слободните Јарци би можеле да најдат утеха во пријателите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Презафатени сте со работа и обврски од статусна природа. Имагинацијата ви е пзголемена, низ главата постојано ви се мотаат нови идеи. Сето тоа е прекрасно, но сепак постојат работи од кои можете да забегате настарана. Па затоа морате да приклучите и здрави резони. Комбинацијата на фантазија и реалност е тоа кон што треба да тежнеете и што барем денеска ќе ви помогне добро да функционирате. Внимавајте од измами.
Риби (20.02 – 20.03)
На работното место ќе се најдете во ситуација која за вас ќе изгледа многу комплицирано, но не е така. Затоа немојте однапред да ја одбиете понудата. Вие сепак сте способни да извршите таков вид на работа, а имате и од кого да побарате совет. Премногу ќе бидете емотивни за да донесете важна одлука во вашиот љубовен живот. Оставете некое време да помине, а во меѓувреме посветет му повеќе внимание на вашите стари пријатели.